Фото: З.А

Денес околу пладне голем пожар избувна во поранешниот овоштарник со вишни на „ЗС Кичево“, кој последните неколку години е претворен во вистинска депонија создадена од граѓаните кои што живеат во негова непосредна близина.

-Денес околу пладне голем пожар избувна на парцелата на поранешниот овоштарник сопственост на „ЗС Кичево“. Од огнената стихија се зафатени повеќе од два хектари земјиште кое последните неколку години е претворено во вистинска депонија создадена од неодговорните граѓани кои живеат во негова непосредна близина. Во гасењето на пожарот се вклучени три возила со поголем број пожарникари од ТППЕ Кичево – истакнуваат од ТППЕ Кичево и нагласуваат дека се прават огромни напори пожарот што побргу да се локализира, за да не дојде до негово проширување кон блиските населби.

Причините и големината на штетата од денешниот пожар допрва ќе се утврдуваат-посочуваат од ТППЕ Кичево.

З.А