Денес се реактивираше работата на Економскиот совет на општина Прилеп, што претставуваше дел од предизборните ветувања на градоначалникот Борче Јовчески во делот на локалниот економски развој.

На конститутивната седница градоначалникот Борче Јовчески посочи дека ќе се формира работно тело на советот во којшто ќе има постојани и непостојани членови – дел од бизнис секторот на Прилеп, стопанската и занаетчиската комора, јавните претпријатија, локалната самоуправа, јавниот сектор, невладините и здруженијата на граѓани како и професионалци од областа на културата, образованието, здравството.

– Економскиот совет ќе биде симбиоза на нашето стопанство, со општината, јавниот сектор, чаршијата и здруженијата на граѓани.Целта е да се решаваат проблемите и да се разменуваат идеи за побрз економски развој на општината – посочи градоначалникот Јовчески.
Ка.М.