Синоќешниот концерт на градскиот плоштад во Кичево со работен наслов „Кичевчани пеат за својот град“ во целост ги оправда очекувањата на над 1500 граѓани присутни на овој концерт. Вечерва на градот ќе му се случи уште еден музички настан за незаборав, со голем број солисти и групи од Кичево.
Студеното време не беше пречка многубројните присутни концертот да го проследат во еден здив од почеток до крај.
-По синоќешниот мега-музички настан во Кичево, со учество на голем број солисти и групи од градот, вечерва се очекува овој музички настан да го достигне својот врв – истакнаа организаторите на овој музички настан.

Вечерва во исто време и на исто место ќе се одржи и вториот дел од концерт, на кој ќе настапат Бојан Трајкоски, Бранислав Стојаноски, Бојан Дамјаноски, Тоше Ангелески, „Распеани Кичевчани“, Дарко Танески-Трубачко, како и групите „Аддиц тед“ и Твинс“.
Се очекува во двата дена на градскиот плоштад да се соберат над 3000 гледачи, бидејќи музички настани од ваков обем, во Кичево се доста ретки.
Учесниците на концертот побараа претпразничниот концерт во Кичево да прерасне во традиција, која ќе се негува пред овој голем настан за Македонија и сите ќе се погрижат и да потврдат колку си ја сакаат својата земја и колку им значи Илинден.