Со пригодна свеченост француската Амбасада и Здружението од Франција „Working Together“ на битолската противпожарна единица и донираа три против пожари возила за гаснење на шумски пожари.
На свеченоста за значењето на донацијата зборуваа францускиот амбасадор во Македонија, Сирил Бомгартнер, градоначалникот на Битола, Тони Коњановски и
претседателот на Здружението „Working Together” Лоран Рујон.
Донацијата се состои од три против пожарни возила и друга придружна опрема за гаснење на пожари. Оваа не е прва донација на Франција за Битола. Во изминатите десетина година тие во неколку наврати и донирале на Битола не само против пожарни возила, туку и друга опрема за справување со пожарите.
На денешната свеченост градоначалникот на Битола, тони Коњановски, најави изградба на нова противпожарна зграда. М.М.