Фото: З.А

Здружението на пензионери од Кичево, денес беше домаќин на осум здруженија од југозападниот дел на Македонија, на 23-тата Регионална ревија на песна, музика и игра.

На оваа ревија настапија пензионерските здруженија од Охрид, Струга, Лабуништа, Македонски Брод, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, Гостивар и градот домаќин Кичево.

Фото: З.А

Во Центарот за култура во Кичево пензионерските здруженија гости на ревијата изведоа по четири нумери, а најдобрите од истата ќе бидат дел и од Републичката ревија на музика, песна и игра – потврди претседателката на Републичкото здружение, Станка Трајкова.

-На 23-тата Регионална ревија на песна, музика и игра што денес се одржа во Кичево, сите здруженија имаат надобри впечатоци упатени до организаторот на ревијата. Настапија осум здруженија кои изведоа поголем број народни изворни песни што од Здружението на пензионери е општо прифатено. Овие песни сакаме да ги извадиме од заборав, како и носиите кои не сакаме да останат во сандаците или во музичките витрини, туку да излезат на виделина. Бидејќи се работи за манифестација од ревијален карактер, ќе бидат избрани некои од здруженијата учесници на ревијата, кои ќе бидат дел и од Републичката ревија што на 5-ти јуни ќе се одржи во главниот град во домот на АРМ. Кичево како и секогаш денес се покажа како добар домаќин, како и Центарот за култура кој се заложи се да протекне во најдобар ред – истакна претседателката, Станка Трајкова.

Фото: З.А

По завршувањето на ревијата во Центарот за култура, околу 180 гости и домаќини учесници на истата, својата дружба ја продолжија во еден ресторан во градот.

Инаку на сите учесници на оваа ревија од страна на претседателката Трајкова им беа доделени благодарници.

З.А