По барање на жителите од село Далбеговци, општина Новаци, асфалтирана е
улица во должина од 300 метри која беше целосно оштетена.
Согласно програмата за асфалтирање на локални патишта и улици за 2022 година
до крајот на градежната сезона општината Новаци планира во Далбеговци да бидат
поставени и нови тротоари во должина од 160 метри.
– Сите овие зафати ќе се реализираат со средства кои се добиени од Министерство за животна средина од Програмата за фосилни горива – рече Стевче Стевановски,
градоначалник на Општина Новаци. М.М.