Фото: З.А.

Во текот на вчерашниот ден во општина Кичево активни беа три пожари и тоа во населба Бичинци, село Цер и во месноста Јанидол, помеѓу селата Арангел и Поповјани. На сите три пожари е интервенирано со едно противпожарно возило и со четворица пожарникари.

-Во текот на вчерашното попладне изгаснавме три пожари кои се појавија во нашата општина. Најпрво целосно го изгасивме пожарот во близина на село Бичинци, каде што гореше дива депонија. Потоа целосно беше изгаснат пожарот кај село Цер, каде што гореше природно ѓубриво наменето за прихранување на нивите, а третиот пожар беше кај селата Аранѓел и Поповјани а таму гореше површина со стрништа, кој по нашата интервенција е целосно изгаснат. Едно противпожарно возило со пет тони вода и четворица пожарникари беа доволни целосно да се заврши работата на трите локации – нагласи Милошески.

Тој напомна дека летово бројот на пожарите е нешто помал, но ако се има во предвид дека сме се уште лето, вистинската бројка на пожари ќе се знае до крајот на месеците септември и октомври.

З.А.