Со недолични содржини испишана е дел од фасадата на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, односно страната посветена на Владо Малески, каде е исцртан неговиот лик и испишана државната химна. Раководството на институцијата го осуди вандалскио чин со најава дека од понеделник сето тоа ќе биде санирано.
– Центарот за култура е јавен објект и национална институција која припаѓа и работи во интерес на нашата заедница. Ваквите вандалски чинови се пред сѐ непочитување на сограѓаните и општествено одговорните компании, кои несебично вложуваат свои ресурси – соопшти Центарот за култура.
Институцијата, како што е наведено, е со постојан видео надзор и во соработка со МВР Струга очекуваат дека ќе бидат пронајдени и санкционирани сторителите.