Детската Амбасада за Сите Деца во Светот, ги одбележа новогодишните и Божиќните празници, посакувајќи желби за љубов, мир, здравје и благосостојба. Го реализираше по 19-ти пат, традиционалниот Божикен ручек, на кој 400 деца се дружеа и го прославија Христовото раѓање.
На оваа прослава Детската Амбасада за Сите Деца во Светот го додели и најпрестижното признание за општествена одговорност Орден за носител на мирот.
Децата од целата територија на нашата држава на заедничка трпеза го прославија Божиќ, денот на Христовото раѓање и на заедничка трпеза седнаа деца од различни целни групи, како и истакнати деца – членови на Детската Амбасада од Прилеп, од Скопје, Битола, Куманово, Крушево, Струмица и од другите градови и општини ширум државава.
Како и секоја година пораката беше „Едно небо за сите деца“, а тоа значи децата да се почитуваат помуѓу себе, да нема дискриминација и насилна комуникација, да преовладува толеранцијата и сите ние заеднички да придонесуваме кон градење на нашето општество бидејќи децата се нашата иднина.
– Вредностите кои се промовираат со самиот настан се еднаквоста и љубовта и мирот
помеѓу децата. Тоа пак води до нашиот постулат на програмските задачи на Детската Амбасада дека сите деца се исти и еднакви во остварувањето на нивните права, односно дека ништо не е позначајно од среќата на детското лице, па затоа на оваа Божиќна трпеза заедно се дружат деца од другите верски заедници, од исламската, католичката, еврејската и евангелско-методистичката, кои заедно се дружеа и празнуваа – велат организаторите од Детската амбасада.
Божиќниот ручек традиционално го благослови митрополитот Господин Петар, а на сите деца им беа доделени пакетчина за слатки сеќавања на Божиќниот ручек, за кои се погрижи Градоначалникот на Општина Прилеп г-дин Борче Јовчески. Како и секоја година и годинава за збогатување на свеченоста се погрижија од танц студио „Зодијак“.
Плакета за пријател на децата, за кои Детската Амбасада за Сите Деца во Светот одлучи да ги додели на: Градоначалникот на Општина Прилеп, г-дин Борче Јовчески и Каролина Јовеска истакната соработничка на детската амбасада. Ка.М.