На Меморијалниот куп организиран во чест на прерано починатиот риболовец Горан Дамјаноски од Кичево, што во изминатите три дена се одржа на Осломејско Eзеро, зедоа учество седум екипи и поединци, а првото место му припадна на Богољуб Јaнчевски од екипата „Цт ТИММ“ од Скопје, со вкупен улов од 96,380 килограми крап, второто место за риболовецот од Кичево, Бекир Селоски, а третото го освои неговиот помлад колега Омер Сефединоски од Лабуништа. Натпреварот траеше вкупно 52 часа, успешен организатор на истиот беше екипата домаќин„ Хантер Фиш“ од Кичево.
– На вториот по ред Меморијален куп „Горан Дамјаноски“ одржан викендов на Осломејско Езеро, најголем улов имаше риболовецот од „Цт ТИММ“ од Скопје, со вкупен улов од 96,380 кг. , второто место го освои Бекир Селоски од екипата „Бела кула“ од Кичево, кој имаше вкупен улов од 78,360 кг. ,додека третото место го освои членот на „Карп Фиш“ од Лабуништа, Омер Сефединоски, со вкупен улов од 64,575 кг., најкрупниот примерок крап на Меморијалниот куп го имаше риболовецот од Лабуништа, кој улови крап со тежина од 7.600 кг. ,и кој го освои третото место во генерален пласман, Омер Сефединоски.
Котизацијата од овој куп во износ од 3.500 денари за секоја екипа или поединец, беа подарени на семејството на покојниот Горан Дамјаноски – истакна претседателот на „Хантер Фиш“ , Бесмир Елези, кој потврди дека неговата екипа иако не зела учество во купот, сепак донирала 3.500 денари на семејството на покојниот Горан.
З.А.