Фото: „Нова Македонија“

Безбедна е водата за пиење во Кавадарци, извести денеска „Комуналец”, откако на први овој месец информираше дека заматена е водата за пиење поради дождовите во Кавадарци. Тогаш од јавното претпријатие „Комуналец” информираа дека водата мора да се преврива пред пиење.

– Ги известуваме граѓаните на општина Кавадарци кои се снабдуваат со вода од водоснабдителниот систем Лукар, дека по извршените лабораториски испитувања од овластена лабораторија е утврдено дека водата е безбедна за пиење – објавија на нивната Фејсбук страница.

Во известувањето од први април, се велеше дека поради временските услови и  обилните врнежи на дожд, големата количина на вода која се слева во изворите Лукар, предизвикала заматување на водата во истите.