Фото: Локална самоуправа Прилеп

Под мотото „Со божиќна радост, срца да стоплиме”, денеска во Прилеп се одржа манифестацијата Бадникови поворки.

По 16 пат околу 300 дечиња, во ЦК “Марко Цепенков”, заради временски услови, се дружеа и сплотено го честитаа Божиќ.

Фото: Локална самоуправа Прилеп
Фото: Локална самоуправа Прилеп

Ги отпеаа песничките „Вечниот Бог”, „Тропар на Рожденство Христово” и „Кондак на Рожденство Христово”.

-Децата во поворките ги симболизираат ангелите што го најавуваат Христовото Раѓање, а ѕвездичките што радосно ги веат над своите озарени лица се водилка кон местото каде што се раѓа Богомладенецот.Дечињата беа симболично нагадени по завршувањето на поворката – рекоа организаторите, кои им се заблагодарија на спонзорите кои дадоа придонес за манифестацијата.

На овој начин сите заедно, радосно и достојно беше најавено Христовото раѓање!
Ка.М.