И оваа година повторно, по 15. пат се организира Бадниковата поворка во Прилеп.
Под мотото „Пренеси ја Божикната радост до секое срце“. учествуваа повеќе од 300 дечиња, што е најголема бројка на деца кои учествувале на поворките во Прилеп.
Поворката започна од Камената бина каде што беше поставена Божиќната пештера па продолжи кон параклисот на Св.Никола, низ старата чаршија, потоа кон плоштадот, кон НУЦК Марко Цепенков и повторно децата се вратија на камената бина каде ги отпеаа песничките „Вечниот Бог”, „Тропар на Рожденство Христово” и „Кондак на Рождество Христово”. Дечињата беа пречекани од градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески кој симболично ги даруваше дечињата од поворката.
Децата во поворките ги симболизираат ангелите што го најавуваат Христовото раѓање, а ѕвездичките што радосно ги веат над своите озарени лица се предвесник на раѓањето. Ка.М.