фото: Зоран Антоски

На неодамна одржаниот натпревар по историја за средни училишта, во организација на Здружение на историчари на Македонија, првотот место по предметот историја го освои Анастасија Андова, ученичка од СОУ „Свети Наум Охридски“ од Македонски Брод. Ментор на шампионката беше професорот по историја во ова училиште Зоран Трпчевски, кој нагласи дека ова е огромен успех не само за ученичката туку и за училиштето во целост, ако се има предвид дека ова училиште е едно од најмалите во земјава според бројот на ученици.

фото: Зоран Антоски

Победничката на овој натпревар Анастасија Андова беше пресреќна по освоеното прво место.

– Чувството да се оствари еден мој посакуван и зацртан идеал, беше навистина неописливо импозантно дури и по бројните честитки кои ги примив сѐ уште зборовите „Првак по историја“, одѕвонуваат непрестајно и искрено ме радуваат, но и безрезервно ме мотивираат. Целокпуниот процес на подготовка тргнувајќи уште од општинскиот натпревар, па сѐ до државниот, сѐ течеше во најдобар ред, испреплетен со најразлични чувства, задоволство и среќа што успеав да стигнам дотаму до оној амфитеатар во кој се најдоа најдостојни историчари, средношколци, трудејќи се да го прикажам своето училиште и општина во најдобро светло, во што на крајот и успеав – истакна победничката Андова.

З.А.