Петнаесетгодишната Анамарија Андреска од село Острилци, општина Демир Хисар, по четвртти рекорден пат ќе биде дел од Кичевската коњаница за Илинденскиот марш. Анамарија за првпат беше дел од оваа коњаница на свои 12 години и во изминатите години се стекна со доволно искуство и сигурност.
Таа е пресреќна што е дел од оваа коњаница, посебно затоа што пред неколку години почина нејзиниот татко, кој беше дел од оваа коњаница подолг период.
– Моето учество на Илинденскиот марш не само за мене туку тоа е чекор што го правам и за мојот татко. Одам за да го дополнам неговото отсуство, да бидам таму каде што тој би бил со срце и душа. Мојот татко беше тој што ме поттикна на овој пат да го ценам своето, да не го заборавам која сум и од каде доаѓам. Со секој нареден чекор го носам со себе, неговата љубов кон татковината, неговата гордост и завет. Овој марш за мене е повеќе од традиција, тоа е моја лична мисија, спомен и чест кон човекот кој ме научи што значи вистински да ја сакаш својата земја, Македонија – истакна Анамарија Андреска, пресреќана што и годинава ќе биде дел од Илинденскиот марш.
Инаку, конањицата својот марш ќе го започне в понеделник од манастирот чие име и го носи „Света Богородица-Пречиста“.
З.А.