„Газпромнефт-лубрикантс“ се проширува на Балканот. Како дел од меѓународната програма за развој на партнерски станици за технички прегледи, во Кавадарци, беа отворени станицата на „Џи-енерџи сервис“ за автомобили и лесни комерцијални возила, како и станицата „Џи-профи“ за тешки возила, со што станаа првите станици за технички преглед на компанијата во овој регион.
Новите станици беа отворени во Кавадарци, на адреса Западен булевар бр.129 на автопатот што ги поврзува Северна Грција и Западна Европа.
Станиците располагаат со сите потребни машини за брза замена на масло и технички течности за разни видови возила. Високо-квалификуваниот кадар е задолжен да ги избере најсоодветните брендирани средства за подмачкување на „Џи-енерџи“ и „Газпромнефт“ за секакви возила, како за нови така и за постари возила.
– Македонија е нов регион за „Џи-енерџи сервис“. Ние сме сигурни дека граѓаните на оваа држава многу ќе ги ценат квалитетот на нашите производи и услугата. Сметаме дека Балканот е регион кој ветува многу за развој на нашиот бизнис. Ние постојано го шириме нашето присуство тука, а го потврдивме со отворањето на две станици за технички преглед на „Џи-енергџи“ во Бугарија и три во Грција. Планираме да се прошириме до 62 станици за технички преглед во 15 различни држави до крајот на 2018 година – изјави Александар Климашин, заменик на генералниот директор за продажба на „Газпром-лубрикантс“.