Во прилеп започна проектот „Уличната уметност, можност за реактуелизација и презентација на дејноста и делата на нашите истакнати дејци – поетот и лингвист Блаже Конески и писателот романописец Стале Попов. Го реализираат Дрим Фактори и Центарот за современа ликовна уметност-Прилеп, а е поддржaн од Владата преку јавниот повик за финансиска поддршка за индустријата и операторите за организација на настани по повод 30 години од државноста.
Проектот опфаќа изработка на два ѕидни мурали на уникатно избрани локации и два кратки докуметарни филмови и видеа за промоција и презентација на дејноста и делата на Блаже Конески и Стале Попов. Идејното решение и изведбата на муралите ќе биде на прилепските познати академски ликовни уметници Сања Јездиќ, Ферди Булут и Александар Џинго.
Ова е дел од уличната уметност, преку која се постигнува автентичност и обележје на многу градови и која живее и во виртуелните заедници, виртуелните јавни дискурси и неодамна стана предмет на присвојување од популарната култура и главната симболика на современоста.
– Сликарските активности организирани од Ценарот за современа ликовна уметност секогаш имаат извонреден творечки амбиент, а овозможуваат и експериментирања и истражувања со цел да се дојде до нешто ново, што ќе се вклучи во општите сликарски токови и ќе биде дел од светската современа ликовна уметност – вели Јана Ј. Ристески од ЦСЛУ. Ка.M.