Спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола ќе биде една од петте спортски сали во државата, во која ќе биде решен проблемот со затоплувањето преку Агенцијата за млади и спорт, во соработка со општина Битола.
Ова го истакна за време на денешната посета на Битола, директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсоски, кој за време на денешната посета со градоначалничката Наташа Петровска разговараше за тековните активности на реновирањето на спортските објекти во градот, како и за поддршката која од страна на општината ја добиваат спортските клубови.
Во Спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола во тек се градежните зафати со кои се изведува целосна промена на кровот, како и целосна промена на дотраената и нефункционална дограма, со што ќе се обезбеди постигнување на енергетска ефикасност на целиот објект, преку проектот „Бенефит“, кој го реализира општина Битола во рамките на програмата за прекугранична соработка со Република Грција.
M.M.