Додека битолчани веќе над 8 години стрпливо чекаат да се обнови изгорениот дом „Копанки“, во план е изградба на нов ски-центар на Нижеполе на Пелистер.
Директорот на ХМС „Стрежево“, Менде Граматковски и министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, потпишаа договор со кој се одобруваат финансиски
средства за изработка на проект за изведба на нов ски-центар на Пелистер.
– Преку меѓународен тендер ќе се избере реномирана проектанска куќа која ќе изработи проект за изградба на модерен ски центар кај Нижеполе. Со проектот треба да се дефинираат патеките каде ќе се изгради новиот ски центар со повеќе патеки за скијање со една жичница и минимум два ски-лифтови – изјави по потпишувањето на договорот министерот за локална самоуправа Горан Милевски.
ХМС „Стрежево“ неодамна излезе во јавноста со информација дека се размислува за набака на „топови“ кои ќе произведуваат вештачки снег, а од пред извесно време од страна на ЕСМ се изведуваат градежни зафати во околината на хотелот „Молика“ кај жичницата за изградба на платформа за освежување на скијачите. М.М.