Денес во просториите на Советот на општина Кичево, а во присуство на граѓани, институции и здруженија, се изврши јавна консултација на Проектот за Ревитализација на локалитетот Китино Кале, за што ЕЛС Кичево има одобрено апликација за финансирање на грант од страна на Проектот за Локална и регионална конкурентност, финансиран од Европската Комисија и Светска Банка.
-Денес во организација на нашата општина, беа разгледани Плановите за управување со животната средина и социјални аспекти и Планот за заштита на културното наследство. На поставените прашања на присутните на денешната консултација одговараа Вјолца Абази, Раководител на секторот за урбанизам и заштита на животна средина и од моја страна како Координатор на Проектот – истакна Дарко Белески од општина Кичево.
Инаку грантот за овој проект за Ревитализација локалитетот Китино Кале изнесува 700 000 евра.
З.А.