Деновиве со средства од општината масовно се чисти каналската мрежа во Пелагонискиот дел на Општина Битола, во околината на селото Логоварди.

Според градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, чистењето на одводните канали континуирано се реализира, а на терен моментно се одвива зафат во должина од 2,5 километри.

Жителите на селото Логоварди истакнуваат дека постојаното чистење на каналската мрежа за нив е од големо значење, затоа што е намалено поплавувањето на нивите, засадени со земјоделски производи.

Тие ја запознаа градоначалничката Петровска со активностите кои веќе се реализирани во селото, како што е поставувањето на ново улично осветлување во одредени делови, а истовремено побараа помош за обнова на месната заедница и тампонирање на улиците.

М.М.