Со цел подигнување на степенот на безбедноста во сообраќајот и доследно почитување на одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, изминатиот викенд полициските службеници во Општина Кичево извршија вкупно 48 акциски контроли.

При контролата е констатирано дека 4 возачи биле под дејство на алкохол што е поголем број во однос на останатите општини што ги покрива СВР-Охрид.

-Возачите кои биле под дејство на алкохол, веднаш биле исклучени од сообраќај и им биле одземени возачките дозволи. Полициските службеници издале и 4 мандатни платни налози, како и 4 барања за поведување прекршочна постапка-информираа од СВР-Охрид, под чија надлежност е и ПС-Кичево.

З.А.