Со полагање на букети свежи цвеќиња пред спомениците на Илинденците и борците од НОВ и Револуцијата, Битола го одбележа големиот македонски празник Илинден.
Чествувањата започнаа пред Споменикот на илинденците, во храмот „Света Недела“.
Во отсуство на градоначалничката Наташа Петровска, свежо цвеќе во нивна чест, положија заменик-градоначалничката на Општина Битола, Емилија Костурски, претставници од Советот на Општина Битола, претставници од политичките партии СДСМ и ВМРО ДПМНЕ и останати здруженија.
Пред споменикот на двата Илиндени, кај Центарот за култура, свежо цвеќе положија заменик градоначалничката на Општина Битола, Емилија Костурски, претставници од Советот на Општина Битола, претставници на Општинската организација на Сојузот на борци од Битола, претставници од политичките партии СДСМ и ВМРО ДПМНЕ и останати здруженија.
– Со чест и гордост ги продолжуваме традициите на нашите предци, а на нашите наследници им порачуваме: Почитувајте го делото на носителите на двата Илиндена, Илинден 1903 и Илинден 1944 и на сите кои ги дадоа животите за нашата слобода – истакна Костурска.
М.М.