По повод празникот Свети Климент Охридски, членови на Форум на пензионери при ОО СДСМ Битола, денеска во име на Општинската организација на СДСМ Битола, пред споменикот на Климент Охридски, кој се наоѓа во дворот на Ректоратот на Битолскиот универзитет, кој го носи неговото име, положија букети свежи цвеќиња.
– Им го честитам денешниот голем празник на сите граѓани од христијанска вероисповед. Делото на патронот на нашата православна црква Свети Климент е од особена важност за сите нас и тоа треба да се почитува и достојно да се одбележува денес и секој ден – изјави претседателот на Форумот на пензионери на СДСМ, Бранирод Михајловски, по повод празникот. М.М.