Откако пред околу три месеци Општинската организација на Црвениот крт од Кичево, во соработка со УСАИД, на повеќе семејства од општината кои се од ранливите категории им додели прехранбени и хигиенски пакети и барем накратко им го разубави животот, слична акција спроведе и во општина Пласница, поточно во општинскиот центар и селата Лисичани и Преглово. Се работи за триесет прехранбени и исто толку хигиенски пакети кои им беа доделени на овие семејства.
– Општинската организација на Црвениот крст во соработка со УСАИД на триесет семејства од ранливите категории од селата Пласница, Лисичани и Преглово им додели исто толку прехранбени и ист број на пакети со хигиенски средства. Акцијата ја спроведовме заедно со нашите волонтери, кои помогнаа успешно да се спроведе истата. Се надеваме дека помошта дојде во вистински раце, на овие семејства им е повеќе од добредојдена и, тие барем накратко да ги почуствуваат благодетите на хуманоста – информираа од Општинската организација.