Вчера околу пладне во близина на село Зајас избувна пожар, во месноста викана„ Алово мало“, при што беа опожарени над 300 метри квадратни ниско стеблеста шума и сува трва. Екипите на ТППЕ Кичево интервенира, при што пожарот е целосно изгаснат и оневозможено е негово натамошно ширење.
По пролетните зачестени пожари во овој регион, летово и покрај топлото и суво време, пожарите се ретка појава. Се верува дека апелите и препораките на надлежните структури, придонесоа драстично да се намалат пожарите, а со тоа и штетите што ги предизвикува огнената стихија. З.А.