Отсекот за превенција при СВР-Тетово, заедно со Полициската станица за безбедност на сообраќајот, денеска на повеќе локации низ Гостивар и Тетово реализираа мотовирачко-празнична акција.
Во акцијата акцентот беше ставен на жените возачи кои возат примерно.
– Со денешева акција сакавме да ги пофалиме и истакнеме совесните жени возачи кои доследно ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Токму затоа, денеска на повеќе фрекфентни сообраќајници низ двата полошки града. Припадници на СВР Тетово по повод 8 Март подаруваа цвеќиња на жени учесници во сообраќајот – истакна Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.