Три паркирани автомобили се уништени, откако врз нив падна дрво.
Возилата биле паркирани пред Основниот суд во Охрид на булеварот „Македонски Просветители“.
Причина за овој немил настан најверојатно е староста на дрвото, за среќа во овој инцидент нема повредени лица.