„Отворен форум со граѓанските организации” во организација на Коалицијата на младински организации СЕГА се одржа денеска во центарот на Прилеп во рамките
на Неделата на граѓански организации поддржана од УСАИД.
Целта на настанот беше зајакнување на довербата помеѓу граѓаните и граѓанските
организации, да се појасни улогата на граѓанските организации во нашето општество
и да го зголеми угледот на граѓанските организации на локално и национално ниво.
На Форумот се дискутираше со граѓаните на следните теми: Вработување, Кариерно насочување и советување, Реформи во образованието, Граѓанско учество, Волонтирање и Младинско информирање.
Од Коалицијата изјавија дека се собрале голем број на препораки од граѓаните, а активноста е дел од Неделата на граѓански организации поддржана од Проектот на
УСАИД за граѓанско учество – серија од настани кои ја промовираат работата на
граѓанските организации пред пошироката јавност, организирани во периодот од 18-23 јуни 2018 низ Република Македонија. Ка.М.