По три недели зимски одмор, околу 270.000 средношколци и основци, меѓу кои и 20.000 првачиња утре ќе се вратат на настава за второто полугодие од учебната 2018/2019 година.
МОН пред една седмица соопшти дека за евентуално одложување на второто полугодие поради заразата од морбили ќе биде во координација со министерствата за здравство и за труд и социнална политика, но Комисијата за заразни болести од Министерството за здравство пред два дена заклучи дека нема продолжување на распустот за учениците.
Министерот Арбер Адеми неодамна информираше дека е во финална фаза втората нацрт-верзија од новиот закон за основното образование и дека наскоро ќе биде објавена на електронскиот регистар на прописи-ЕНЕР.