Учениците од училиштето „Гоце Делчев” Демир Хисар учествуваа во манифестацијата „Мироносна цветна штафета”. Оваа уникатна идеја е на уметникот, хуманитарец и кандидат за Нобеловата награда за мир Живко Поповски– Цветин, кој речиси целокупното свое творештво изминатите три и пол децении го има посветено на цвеќето и на сопствената мисија со основната порака: „На светот му се потребни: мир, храна, солидарност, љубов…“.

Преку  „Мироносна цветна штафета” најмалите до возрасните ќе пренесат пораки за љубов, соживот, здравје, мир, благосостојба и храна за сите.

– Нашите ученици од прво до трето одделение од централното и подрачните училишта по тој повод нацртаа цвеќиња, ја прочитаа „Пораката за мир“, „Пофално слово за Кирил“ и песната „Ружа“ од Блаже Конески. Исто така „Пораката за мир“ беше испратена во шише – изјавија од училиштето.


Цветната штафета претходните денови беше во ООУ „Брќа Миладиновци„ с. Жван и ООУ „Даме Груев“ с. Смилево.