Боговиње
По проектот за инсталација на парно греење во основното училиште „Сабедин Бајрами“ во Горно Седларце, продолжуваат работите за уредување на дворот на објектот на оваа образовна установа. Од локалната самоуправа на Боговиње велат дека главен приоритет им е подобрување на училишната инфраструктура, а целта им е на учениците да им се овозможат подобри услови за време на образовниот процес.
– Покрај уредувањето на дворот во училиштето „Сабедин Бајрами, исто така, продолжуваат и работите за адаптација на градинката и тие веќе стигнаа до завршна фаза. Преку проектот за адаптација на градинката, Општина Боговиње ќе им овозможи на децата да имаат и посовремена нега, квалитетни услови и безбедно опкружување – нагласуваат надлежните од Боговиње.