Во текот на ноќта, непознати сторители го оштетиле и уништиле терминалот за наплата на паркинг просторот кај поранешен „Јавор“ во Битола.
По забележаното оштетување, веднаш е известена полицијата, која изврши увид и се трага по непознатите сторители.
– Со овој извршен вандализам, целосно е оштетена терминалната единица за наплата на паркинг просторот, со што на јавното претпријатие Паркинзи му е предизвиката штета од околу 5.000 евра – соопшти претпријатието.
Директорот, Зоран Дојчиновски, истакна дека на овој начин, оштетувајќи ги јавните добра, се прави севкупна штета на општината и нејзините жители.
М.М.