фото: Зоран Антоски

Во третото по ред уништување на артилериски гранати пронајдени кај битолскиот стадион, што се случи на воениот полигон Криволак, уништена е досега најголемата количина од 2 000 артилериски гранати по потекло од Првата светска војна.

На уништувањето покрај претставниците на Дирекцијата за заштита и спасување учествуваа и пиротехничари од АРМ и МВР.

– По двете уништувања на артилериски гранати пронајдени кај стадионот на Пелистер во Битола кога беа уништени 3200 гранати, при третата операција беа уништени најголем број или 2 000 артилериски гранати. Во трите наврати досега се уништени 5200 гранати од овој арсенал и оваа акција продолжува утре со четвртата операција, кога ќе бидат уништени уште 2 000 гранати или ќе се дојде до бројката 7200 артилериски гранати што е повеќе од половина од целокупниот воен арсенал откриен во Битола. И оваа операција заврши во рамките на планираното, со надзор од страна на високи претставници од ДЗС, АРМ и МВР, а истата ја спроведоа пиротехничари од трите институции. Преостанатиот арсенал пронајден во Битола, ќе биде уништен во наредните операции, што ќе се случуваат во втората половина на јануари или евентуално во февруари – информира Драгољуб Попоски пиротехничар од ДЗС.

З.А.