Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга – граничниот премин Ќафасан е укината од 7:45 часот, соопшти Автомотосојузот на Македонија.
Се уште се во сила забраните за сообраќај на камиони на патните правци крак Маврово – Дебар, Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија пат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.