Постојано намалување на водостоите на реките во однос на просекот за март покажува неделниот преглед на мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Речиси тројно пониско ниво споредено со просекот за месецов има Вардар кај Јегуновце, Треска кај Македонски Брод, Бабуна кај Богомила, Црн Дрим кај Ложани. Двојно е намален водостојот на Лепенец кај Скопје, Брегалница кај Штип, Црна Река кај Новаци.
Според неделниот преглед на мерењата на УХМР, нема промени кај водостоите на Дојранското Езеро чие ниво е минимално зголемено, како и на Охридското и Преспанското Езеро.