ПРИЛЕП ВО ЗАПИСИТЕ НА РУСКИТЕ ДИПЛОМАТИ И АВТОРИ (4)

Афанасиј Матвеевич Селишчев (1886 – 1942) бил специјалист по историска дијалектологија на македонски јазик, руска дијалектологија и старословенски јазик и ономастика. По престојот во Македонија, во Софија во 1933 година објавил есеи за историската етнографија и дијалектологија на Македонија. Во еден од тие есеи пишувал за прилепскиот манастир „Трескавец“ и за тоа што видел на празникот на храмот.
Запишал дека манастирот се наоѓа на врвот Златоврв и дека до него се стигнува по два часа одење од Прилеп кон северозапад. Во средината на манастирот, според него, се издигала старата црква изградена во 14 век, околу која забележал други градби, кои, според него, биле изградени подоцна, по пожарот од 1866 година.
Селишчев запишал: „Времето на настанот на манастирот за мене е непознато. Според натписите на црковните ѕидови, тој постоел во 14 век. На ’Трескавец’ често одат прилепчани. Во кодексот неколкупати се забележани датумите 15 август, по старо како ден на Успение на Пресвета Богородица, и 8 август, како ден на Рождеството.

Ова се манастирските празници. Овие денови на ’Трескавец’ има многу народ. Во септември многу народ од селата и градовите, кој на коњ, кој на магаре, кој пеш, се движи кон манастирот. Забележав дека луѓето многу се шегуваат, а пеат и песни. Во манастирот нѐ пречека игуменот, кој не поздрави со наклонување. Вечерта имаше многу луѓе. Се готвеше во котли, а насекаде имаше парчиња леб. Народот се веселеше, а децата свиреа со свирчиња. Се продаваа секакви дребулии. Пеењето и музиката не престанаа до доцна вечерта. Се пееја меланхолични македонски песни.

Игуменот, во придружба на епископот и писарот, влегуваше во собите за да се увери дали луѓето се добро сместени и ги повикуваше да го запишат своето име за здравје во манастирската книга. При запишувањето се даваа пари, стока, леб и други предмети. На вториот ден, на 8 септември, по црковната служба, гостите по ручекот го напуштаа „Трескавец“. Празнувањето е во 60-тите години од 19 век, а верувам така било и порано“.

(Продолжува)