Млади активисти од Тетово направија акција, со цел да укажат на ударните и најкритични дупки на улиците во градот. Ваквите места ги обележаа со цртежи на сите градски патишта за да и испратаат порака на општината.
Градските улици во Тетово се полни со дупки, кои ги има толку многу што возачите и граѓаните почнаа да ги користат и социјалните мрежи за да се информираат меѓусебно и да се предупредат меѓусебно за некоја нова дупка во градот, велат активистите.
Додаваат дека граѓаните секојдневно страдаат со штетите предизвикани од дупките, а општината нема слух за ова прашање.
Акцијата е изработена етапно и секвенцијално од страна на различни автори.
Акцијата наречена „Започна санација на најкритичните дупки“ во Тетово е финансиски поддржана од Фондацијата Отворено општество – Македонија.