Детската градинка Спортски центар во Тетово беше почентното место за активностите кои во градот ќе се одржуваат во рамки на Европската недела на спортот, што ќе се одвива од денеска до недела.
Децата се запознаа со одбојкарот Слободан Зафировски, фудбалерите Бесар Муслиу, Бесарт Ибраими и Костадин Захов кои заедно со воспитувачките им раскажаа како се играат нивните споротови и што значи да се спортува. Потоа со нив заедно спортуваа во дворот на градинката.
– Во нашите градинки секој ден еден час се посветува на фискултура и со тоа даваме придонес за развој на спортот кај децата – рече Рамије Даути, директорка на детските градинки.
Покровител на Европската недела на спортот е Европската комисија во Македонија. Во
Македонија носител на активностите е Агенцијата за млади и спорт.
– Во текот на неделата активности ќе имаат сите учесници во образновниот систем како и највозрасните граѓани на Тетово – рече Ахмед Ќазими. А.С.