Денес во обиколка на автопатот Кичево-Охрид и на средба со граѓаните на Кичево беше министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукареска, Стоанче Ангелов и Мухамед Зекири.Тие во друштво на сопартијци од Кичево прошетаа низ градот и ги сослушаа проблемите кои ги мачат жителите на Кичево, како и нивните предлози за подобра иднина на сите граѓани во оваа општина.
-Денес бевме во обиколка на автопатот Кичево-Охрид каде работите се одвиваат според зацртаната динамика, отстранети се сите пречки за негова натамошна изградба и завршување во предвидениот рок. Наша заложба е и пред јуни 2021 година да биде ставен во употреба дел од автопатот кој ќе биде завршен нешто порано, за да може сообраќајот да се одвива непречено и да се надминат тесните грла на овој исклучително фреквентен патен правец – рече министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.
Потоа, на новинарско прашање Сугаревски одговори како да се спречи или намали иселувањето од општина Кичево и целата земја.
– Нашата цел е со решавањето на крупните проблеми во државата, а тоа беше Преспанскиот договор. Да потенцирам дека клучно е ние да работиме на делот на економијата, особено во делот на отворањето на нови работни места, создаваме услови не само за странските, туку и за домашните инвеститори да можат да инвестираат во нашата држава. Дополнително и мерките што ги дава државата во делот на финансиската подршка, ќе овозможи во наредниот период да имаме отварање на нови работни места и се разбира на зголемување на платата, посебно на просечната плата истата да изнесува 500 евра. Очекуваме поголем раст на БДП и до крајот на оваа календарска година работите да се променат на подобро – рече тој.