Со зголемувањето на температурите во изминатата седмица и зголемувањето на потребите за вода од страна на земјоделците, јавното претпоријатие „Стрежево“ – Битола почна со наводнување на земјоделските култури во Пелагонија.
Главниот канал и главните цевководи се целосно подготвени за наводнување. Акумулацијата „Стрежево“ во подрачјето на дејствување е подготвена за навремено и квалитетно наводнување на земјоделските површини и се очекува успешна наводнителна сезона.
– Хидросистемот во моментот е со нормални количини вода односно ќе обезбеди доволно вода за реализација на планот за наводнување за оваа година – нагласуваат од ЈП „Стрежево“ Битола.
Инаку системот „Стрежево“ опфаќа над 20.000 метри квадратни земјоделски површини во Пелагонија.
М.М.