Јавното претпријатие „Стрежево“ годинава нема да купува новогодишни подароци, календари и нотеси и средствата ќе ги донира на децата со аутизам. Ваква одлука донесе менаџментот на ЈП „Стрежево“
Според информациите од ова јавно претпријатие, новогодишните празници се традиционално време на дарување, а „Стрежево” одлучи со хуманост да ја испрати 2020 година, во која поради епидемијата на коронавирусот, сфативме дека поддршката кон општеството е најпотребна, велат од ова јавно претпријатие.
– Денес, со цел да ги развеселиме и стоплиме срцата на децата со аутизам, во овие студени зимски денови, им доделивме финансиски средства и новогодишни подароци. Ваквиот настан е во насока на заложбите на претпријатието да се демонстрира хуманост, социјална инклузија на сите членови на општеството, но и да се посвети внимание на оние на кои им е потребна топлина, разбирање и поголемо внимание во пресрет на престојните празници – изјави директорот на ЈП „Стрежево“, Менде Граматковски, кој апелира и другите институции да го следат нивниот пример, бидејќи секое дете заслужува насмевка во магичните празнични денови.
М.М.