И покрај проблемите кои го следат работењето на компаниите со коронавирусот, ЈП Стрежево“ – Битола покрај редовните активности нормално функционирање на хидроистемот, своите активости ги насочи и за реализација на нови инвестиции во делот на водостопанската инфраструктура.
Со новите инвестиции ќе придонесе не само за непречена реализација на сите предвидени проекти, туку и за зголемување на наводнуваните површини, како и намалување на загубите од вода, со што ќе се создадат подобри услови за рентабилно земјоделско производство.
Ова го истакнуваат во ЈП „Стрежево“ каде во тек е реализација на проектот за рехабилитација на главниот цевковод Г-1 ( Драгарино -Могила) и каде деновиве се врши замена на дотраените цевки фи-500мм со нови дуктилни цевки фи- 600мм во атарот на општина Могила.
Со новата инвестиција од 327.000 евра се врши промена и на хидромеханичка опрема во селата Поешево, Кравари, Бистрица, Олевени и Жабени односно се инсталираат линиските затворачи фи 600mm на главните цевководи: 6Ц (Кравари – Оптичари), 7Ц (Бистрица) и 8Ц (Барешани-Жабени-Егри).
– Со имплементацијата на овој проект и воспоставувањето на примарната инсталација ќе се придонесе да се подобри ефикасноста при користењето на водите, порамномерна распределба на водните ресурси, а ќе се воведе и парцијално исклучување во случај на дефект на цевковод, со што ќе го добиеме посакуваниот ефект – економичност, користење, функционирање и одржување на хидросистемот „Стрежево”, како и воспоставување на услови за поуспешно стопанисување во целост – вели првиот човек на ЈП „Стрежево“, Менде Граматковски.
M.M.