Средношколците од паралелките на македонски јазик во Тетово се собраа на протест на плоштадот во знак на револт поради долготрајното загадување на воздухот и зголемената смртност. Учениците најавуваат протестен марш до зградата на општината.

Тие наведуваат дека одлучиле да протестираат поради показателите од научно истражување дека во Тетово 38 проценти од смртните случаи се поради загаден воздух, додека низ Македонија просек е 22 отсто.

A.С.