Градоначалничката на Битола Наташа Петровска ја отфрли иницијативата на партијата ПОДЕМ со донации да се обнови изгорениот планинарски дом „Копанки“.
– Не ни требаат никакви донации, со општински средства ќе го обновиме планинарскиот дом „Копанки“. Нам не ни требаат никакви донации за „Копанки“. Начинот на којшто функционираме и како ја имаме стабилизирано општината не става во целосен комодитет дека обновувањето на „Копанки“ можеме да го изведеме исклучиво со општински средства. Уште на самиот почеток кажав дека планината е на битолчани, не е во ничија сопственост. Го поништив решението за легализација на тој објект.
На второстепена комисија при Министерство за транспорт беше потврдена мојата одлука. Деновиве добивме и одлука од Управниот суд со која тужбата на ПСК Пелистер кон Министерството за транспорт се смета за неоснована. Се надевам дека наскоро тоа ќе заврши за ние да преминеме кон она што како намера го покажавме и она зад
што стојам како градоначалник – рече Петровска.
На 29 јануари 2013 година, пред точно осум години, до темел изгоре планинарскиот дом „Копанки“. Иако од тогаш изминаа 8 години досега домот не е обновен, бидејќи се води судски спор помеѓу Општината Битола и ПСК Пелистер, околу легализацијата на домот. М.М.