Денес во Кичево се организира инфо-сесија на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – Кри Тинг“, што го спроведува фондацијата „Метаморфозис“ во партерство со „Евротинг“, проект кој почна да се спроведува на 1-ви јануари 2018 година и ќе трае до 31-ви декември 2020 година, а истиот е поддржан од Европската Унија.
– Основна цел на проектот е да промовира медиумска писменост како основа за зачувување на правото на граѓаните да имаат заеднички мислења, преку стимулирање на култура на критичко мислење, плурализам на мислења и демократски вредност. Специфичните цели на проектот се да се поттикнува култура на критичко размислување, преку едукација на општата јавност, преку штетните ефекти на медиумските манипулации, врз демократијата и европските вредности. Да се зголеми побарувачката од граѓаните за поголема отчесност и одговорност на медиумите, преку јавно неформално образование, промоција на професионалните стандарди и меѓународните практики за заштита на слободите на мислење и изразување – истакна Горан Лазаров од „Евротинк“, центар за европски стратегии.
Проектот Кри Тинг објави повик за периодот од 31-ви мај 15-ти јули оваа година, за доделување на мали грантови во висина од 6.000 до 7.000 евра за партнерства помеѓу граѓански организациии, медиуми и други чинители, по една во секој од осумте плански региони.
З.А.