Со донација од 100.000 долари од САД ќе се изврши конзервација и презентација на мозаици и архитектура на археолошкиот локалитет Хераклеја кај Битола.
– Среќна сум што американскиот народ ќе помогне во заштитата на ова културно наследство кое ќе остане на генерациите што доаѓаат, изјави амбасадорката на САД, Кејт Брнз, која беше во посета на Хераклеја.
Согласно проекната апликација, со конзерваторските зафати ќе бидат опфатени мозаичните површини и архитектурата во делот на Малата и Големата базилика, Базилика Е, потоа Епископската резиденција, кружната кула, градската фонтана и друго.
– Конзерваторските интервенции кои во вака голем обем, интегрално, за првпат се преземаат токму благодарение на овој грант, не само што ќе овозможат зачувување на
овие исклучително вредни културни добра по кои Хераклеа е препознатлива, туку ќе
дадат и едно ново светло и значење на самиот локалитет – велат од Завод и музеј Битола. М.М.