Наскоро ќе се реконструираат санитарните јазли на Инфективното одделение во Клиничката болница во Битола, кои се во очајна состојба.
Санитарните јазли во Инфективното одделение ќе се реконструираат со донација на ЈКП „Водовод“ Битола, кое за оваа намена ќе издвои 400 илјади денари.
– Ова не е прва донација која ја дава ЈКП „Водовод“ за Клиничката болница во Битола. Минатата година имавме донација од 1,2 милиони денари за изведување на комплетна водоводна инфрастуркура за Модуларната ковид болница. Во тој период бевме сведоци на грдите слики кои се појавија, дали се реални и не се, ќе се докаже, и ние се одлучивме да помогнеме сега кога нема пациенти на Инфективното одделение, да реновираме еден комплетен санитарен јазол на еден од спратовите – рече директорот на ЈП „Водовод“ Горан Козаров.
М.М.