Поради работни активности на тунелот 1 – Демир Капија од десна страна, на правецот Скопје-Гевгелија, во периодот од 10 до 11 часот претпладне, сообраќајот на патот ќе се одвива по левата коловозна лента.
Во тек на работните активности, ќе биде намалена и брзината на движење на 40 километри на час, соопшти Автомотосојузот на Македонија пренесувајќи информација од контролниот центар Неготино.