Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, попладне значително облачно со слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од југозападен правец. Утринската температура ќе се спушти меѓу еден и седум степени, а дневната ќе достигне од 15 до 22 степена.
Во Скопје претпладне ќе има умерена облачност, а попладне со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. Температурата ќе се движи од 5 до 20 степени.
И во петок во попладневните часови ќе има зголемена облачност со локални врнежи од дожд и ретки грмежи. Во сабота ќе настапи преодно стабилизирање и ќе преовладува сончево време со повисоки дневни температури. Од недела нашето подрачје ќе потпадне под влијание на циклонска активност, која во недела попладне и во наредните денови ќе предизвика нестабилно време со обилни врнежи од дожд, локално во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и со услови за појава на град.